Меркел драматично го сумира моментот: Коронавирусот драстично ни ги менува животите

Добивај вести на Viber

„Состојбата е сериозна и мора да ја прифатите сериозно“, порача синоќа германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање до граѓаните.

-Коронавирусот драстично ги менува нашите животи. Нашата идеја за нормален, јавен живот, за социјални интеракции, се е ставено на тест како никогаш досега. Но, уверена сум дека ќе успееме на оваа задача ако сите граѓани ја сфатат така - како задача, рече германската канцеларка.

Меркел нагласи дека голем број луѓе работат од дома, дека децата не одат на училиште и дека се случува досега непозната ситуација.

-Од германското обединување, не, од Втората Светска Војна не сме се соочиле со ваков предизвик, при што се зависи од нашата заедничка акција и солидарност – порача таа.

Се прават истражувања ширум светот, но се уште нема ни терапија,ни вакцина против коронавирусот.

-Затоа, се што можеме да сториме е да го успориме ширењето на вирусот и така да добиеме на време – рече Меркел.

Клучно е максималното ограничување на јавниот живот зашто така максимално се ограничува и ризикот за пренесување на болеста.

-Ве уверувам, за некој како мене, за кого слободата на движење е стекнато право, вакви рестрикции може да бидат оправдани само ако се апсолутна неопходност. Во демократија, за нив никогаш не би смеело да се одлучува лесно и само привремено. Но, во овој момент тие се неопходни за да се спасат животи – порача Меркел.

Канцеларката се заблагодари на медицинскиот персонал, но и на касиерите во продавниците и на сите оние кои ги полнат полиците со неопходните продукти, зашто ги работат најтешкитеработи во моментов.

Таа повика на смиреност и на акција без паника.

-Епидемијата ни покажа колку сме ранливи, колку зависиме од разумното однесување на другите, но и како можеме да се заштитиме еден со друг, делувајки заедно. Сега е време, оджувајќи оддалеченост еден од друг, да покажеме колку се грижиме еден за друг.


(Photo:thelocal)