Месечен хороскоп за Февруари: Напредок во кариерата за еден знак, што ве чека Вас?
Oвен
Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување.Во февруари ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за работата и кариерата, со стабилен и цврст став успешно ќе супеете да се износите со нив. Поради поволните планетарни аспекти, љубовниот живот на Овновите ќе биде динамичен и активен. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи. Оние кои се во врска или брак, ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе го зајакнат односот.
Бик
Февруари ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат. Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение.
Близнаци
Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од февруари, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет. Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу средина на месецот. Како резултат на активните случувања во секторот на работата, оние кои се во врска или брак ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот.
Рак
Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено во втората недела на февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно.
Лав
Вашата храброст ќе ви обезбеди неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, но сепак бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното троѓење. Во текот на февруари повеќе ќе бидете насочени на страста и сексот, отколку на нежните прошетки. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности.
Девица
Во февруари Девиците ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен, со можност за раст и експанзија. Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Припадниците на овој знак кои се во врска, ќе го зачуваат мирот во партнерските односи.