Животна училница // Приказни
Мето Јовановски се пресели во легендите: Почина бардот на македонското глумиште
- 16 Ноември, 2023
Почина бардот на македонското глумиште, една од најголемите македонски актерски легенди Мето Јовановски на 77 години.
Неговите најпознати улоги се тие во безвременските филмски остварувања „Тетовирање“, „Среќна нова 49-та“, „Пред Дождот“, „Опстанок“ и итн.
Јовановски заврши Театарска академија во Софија во 1971 година и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Актерската кариера ја започнал на сцената во Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Роден е во 1946 во село Панчарево, Пехчевско.