Ми го дадоа името Зијат: Дејан Драгојевиќ откри зошто ја смени верата - „Јас сум Србин, но го избрав исламот“
Дејан Драгојевиќ зборуваше за патувањето во Мека и Медина и за страшните пораки што ги добиваат тој и членовите на неговото семејство
Дејан Драгојевиќ неодамна призна дека ја променил верата, а преку Инстаграм секојдневно ги информираше своите следбеници за неговото патување во Мека и Медина за време на Рамазан.
Сега како гостин во емисијата на Огњен Амиџиќ зборуваше за сè, а најмногу за пораките кои ги добива од непознати лица кои му се закануваат нему и на неговото семејство.
„Ми го дадоа името Зијат, нема што не направија, тоа воопшто не е точно. Постојано ми праќаат пораки. Ми рекоа дека нема да можам да влезам во Србија, дека нема да можам да се движам слободно. Сепак се движам нормално, тоа се само коментари преку интернет“, рече Дејан и откри дека никој не го осудил, а дека „ретко кој го знае исламот“:
„Што се однесува до исламот, тој во медиумите се прикажува како спротивно од тоа што е. На мама ѝ е многу тешко да се справи со коментарите. На пример, објави фотографија за католички Велигден, коментарите се ужасни!“
Драгојевиќ откри која била пресвртната точка за да ја промени верата.
„Сите знаат дека бев суров и знаев да ги свртам работите наопаку со зборовите, затоа што дојдов до суштината на сето тоа. Така беше и со ова. Штом влегов во врска со личност од различна религија ми припишуваа сè и сешто. Потоа истражував да видам како да бранам и слично и како што повеќе истражував почна сè повеќе да ми се допаѓа. Чуден сум, ме интересираше што е смртта?! Кога јас почнав да читам, видов дека е напишано опширно и опишано до ситни детали“.
Дејан откри дека секојдневно добива закани на социјалните мрежи: „Единствено уште на баба ми не ѝ се јавиле на фиксен. Велам, Ханибал да имаше Инстаграм немаше да пишува такви пораки. Пред малку некој тип ми прати порака, нема што не ми кажа, а бил во Турција и се сликал до џамија. Луѓето мешаат вера и националност, јас сум Србин, но го избрав исламот“.
Извор: mondo.rs