„Ми понудија куќа од 80 квадрати на Брач ако кажам дека ја снабдував Северина со опијати“: Поранешниот менаџер на Вучковиќ упати шокантни обвинувања

Добивај вести на Viber

Врховниот суд ја поништи одлуката на Жупанискиот суд за заедничко старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син Александар, а целосно старателство доби таткото, што предизвика бурни реакции во јавноста.

По ова, пријателот на Северина и поранешен менаџер Едвин Софтиќ откри нови детали поврзани со битката за старателство меѓу пејачката и нејзиниот поранешен партнер.

„Покупец ме контактираше во септември 2021 година. Таа побара да се сретнеме. Ништо друго не знаев, освен што еднаш одамна ми вети дека ќе ми помогне да го решам проблемот што го имав со банката и станот. Кога Покупец ме контактираше, се надевав дека ќе разговарам со неа за мојот проблем, не знаејќи дека тогаш веќе му беше адвокат на Милан Поповиќ. Се сретнавме и ми кажа дека многу добро знам колку е информирана, и какви контакти има, почнувајќи од полицијата“, изјави Софтиќ за Index.hr.

Тој дополнително објасни што побарала од него и што му кажала адвокатката Жељка Покупец.

„Тогаш таа ми кажа дека има некои информации кои навистина не се во моја корист. Таа инсинуираше дека знае како со години ја снабдувам Северина со наркотици. Ми требаа две минути да излезам за воздух. И кажав дека никогаш во животот не сум пробал, дека не знам ни каде да го набавам, а камоли дека и го дадов на Северина, која исто така никогаш ништо не консумирала. Мразеше дрога, немаше да изгледа толку добро ако ја консумира, а освен тоа неколку пати ми рече: „Не помислувај ни да пробаш некаде“, ја продолжи приказната и додаде:

„Покупец беше упорна, барајќи од мене, дека доколку сведочам на суд дека и донесов опијати на Северина, таа за неколку дена да ми ги реши проблемите со банката за станот. Покрај тоа, таа ми понуди куќа од 80 квадрати на Брач. Сè уште ми беше тотално нејасно зошто ми зборуваше толку арогантно бидејќи сè уште не знаев дека таа е адвокатка на Поповиќ. Не ми беше јасно што направив што ме уценува на тој начин што ќе ми ги реши проблемите ако се согласам да сведочам лажно против Северина, па престанав да зборувам. Всушност, јас останав без зборови. Таа ми рече дека тогаш ќе ми ги реши сите проблеми, но под услов да бидам сведок на Милан Поповиќ. Потоа почнав да разбирам за што се работи“.

Како што вели, по ова останал без зборови.

„Цело време молчев. Таа ми даде рок од еден до два дена да и одговорам. Знаев со кого имам работа. Бев во таков шок. Му се јавив на менаџерот на Северина, Томица и му кажав се. Сега кога видов до каде отиде оваа работа, решив да проговорам за тоа како поранешн менаџер со цел да се реши овој случај. Од сигурни извори знам дека Поповиќ многу добро ги платил сите свои адвокати“, вели Софтиќ.

„Северина и Милан никогаш не биле во брак, луѓето често го мешаат тоа, а тој прилично доцна, долго по раѓањето на детето, одлучил дека сака да биде татко. Најпрво рече дека не сака да има ништо со синот и дека не сака да му се испраќаат фотографии од него. На ова бев сведок во една прилика додека бевме во Задар. Поповиќ инсистираше на тоа, а Северина беше помирлива и се обиде да разговара со него. Сепак, тој немаше интерес. Кога Северина почна да се помирува со тоа, кога Александар имаше околу една година, Поповиќ почна да се меша и почнаа притисоците, ангажирањето адвокат, а потоа почнаа неговите тужби за старателство“, вели поранешниот менаџер на Северина и додава.

„Кои се причините да се однесува така, не знам. Со оглед на тоа дека е пресметлив и дека се во животот му е математика, само тој знае што сака со неа. Мислам дека сакаше да ја уништи Северина, а тоа може да го направи преку детето“, заклучил Едвин Софтиќ за споменатиот медиум.

По овие обвинувања проговори Жељка Прокупец и накратко ги коментираше изјавите на Софтиќ.

„Не можам да коментирам нечии наводни изјави, вклучително и наводните изјави на господинот Софтиќ. Но, можам само да констатирам дека не е точно дека на господинот Софтиќ би му понудила „бенефиции“ или „да барам“ да сведочи против некого во која било постапка“, тврди таа за Index.hr.