Ми се случи пред 10 години...: Александра Пријовиќ заплака пред камерите, Филип цело време беше со неа

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ се расплака на прес-конференцијата по повод претстојниот концерт, каде откри големо изненадување за својата публика.


Александра Пријовиќ, која неодамна заплака на својот настап и ја трогна јавноста, по објавувањето на албумот „Девет животи“ за кој ги доби сите пофалби, одржа прес-конференција на која го најави својот втор концерт во Старк Арена во Белград, по првиот кој беше целосно распродаден.

Пејачката со својот нов албум во кој наводно вложила 300.000 евра предизвика бурни реакции на естрадата и многумина велат дека им дала домашна задача на колегите, а денес на конференцијата се расплакала кога објавила какво изненадување приредила нејзините фанови.

-Добро попладне на сите. Прво морам да кажам дека имам страв од сцената, а последен пат го имав пред десет години. Ви благодарам што дојдовте и ви благодарам за разбирањето, бидејќи пред неколку месеци реков дека ќе се дружиме. Мислам дека ова е одличен повод, нов албум и распродаден концерт во Арена. Многу благодарам на сите, на моите соработници, на публиката и на сите што беа со мене, рече низ солзи радосници Александра Пријовиќ.

Следеше нов наплив на емоции кога таа го објави датумот на вториот концерт - 30 септември. На конференцијата ја поддржа сопругот Филип Живојиновиќ од кого е неразделна.


Фото: youtube/screenshot