„Ми се случи, се борам“: Жељко Самарџиќ откри детали од дијагнозата на која секојдневно ѝ се адаптира

Добивај вести на Viber

Познатиот пејач Жељко Самарџиќ се соочи со тешка автоимуна болест, а за својата борба отсекогаш отворено зборувал.

Жељко откри од каков синдром боледува, а на јавноста ѝ откри низа детали.

Болеста која ја намалува функцијата на тироидната жлезда вклучува симптоми кои можат да се појават со месеци или години, но пејачот долго време не ги препознавал.

- Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, се беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и толку – изјави неодамна Самарџиќ.

- Жените најмногу боледуваат од оваа болест, но, добро, мене ми се случи и се справувам со болеста најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат Хашимотоов синдром, а јас го имав долго време без да го знам тоа – изјави неодамна пејачот, а ова нарушување влијаело да го промени начинот на живот.


(Foto: Screenshot TV Pink) • Tv Pink / screensho