Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото

Добивај вести на Viber

Владо Јаневски го прекрши своето долгогодишно правило, да не се појавува во своите спотови. Во новото видео во режија на Дарио Јанковиќ, за баладата „Откако си негова“, токму ја Владо ја има главната машка улога. Женската ѝ е доверена на првата Мис на Македонија за Мис на светот, Вера Мештеровиќ. 

Спотот, во режија на Дарио Јанковиќ беше промовиран на прес конференција денеска, со која Владо го најави славеничкиот концерт за 25 години кариера, на 16 март во ВИП Арената.

„ Хрватите ми ставија нож под грло да се појавам во спотот“, рече низ насмевка Владо. Кога ќе ти стават нож под грло дека мора да се појавиш во спот, ќе се појавиш“, објасни тој за песната која е работена за македонскиот и за хрватскиот пазар, на двата јазика, во студиото на продуцентот Никша Братош.

„ Јас бев Мис на Македонија во 1996 година, почнував да работам како модел на почетокот од деведесетите. Тогаш Владо беше на почетокот од кариерата, и можам да речам дека заедно почнувавме. Од тогаш се знаеме“, рече Вера Мештеровиќ. Владо Јаневски вели дека заслугата што таа е во спотот е на режисерот, кој направил добар избор.

„ Повеќе ми личи да соработувам со една ваква дама, туку со некоја млада девојка“, додаде канатвторот. На концертот, кој го организира „Прагма“ продукција , Владо најави вечер со неговите хитови на која повеќе ќе пее, а помалку ќе зборува. Скопскиот концерт има шанса да се повтори и летово, во Охрид.

М.Џаровска