„Ми закова шајка во ногата, ме полеа со бензин, а потоа ме запали“: Девојка преживеа хорор откако раскина со дечкото, а казна за монструмот е (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Русинката Оксана Кузменко (40) се здобила со страшни повреди откако нејзиното момче и ги заковало рацете и нозете на дрвена штица, а потоа ја запалил. Таа пред судот раскажа како нејзиниот партнер организирал распнување пред да и го полие телото со бензин и да го запали. Тој го направи ова откако таа ја прекина нивната врска.

По тој брутален напад, Оксана добила рани кои и го промениле целиот живот и изглед.

33-годишниот Олег Шеголкин е осуден на 12 години во колонија на затвор со висок степен на безбедност поради обид за убиство со „екстремна суровост“. Тој доброволно се пријавил да се бори за Владимир Путин во војната во Украина, па тешко дека ќе помине долго време во затвор, пишува Дејли мејл.

Жртвата пред судот сведочеше за тоа како суровиот Шеголкин и се заканувал дека ќе ја убие во автомеханичарската работилница каде што работел во Екатеринбург, на истокот на Русија.

- Ми ги соблече чизмите, ми ја зеде левата нога и забоде шајка во неа. Потоа зеде нешто како плута и го искриви остриот предмет во мојата десна нога, рече таа.

Додека го вршел распнувањето, и се заканил дека ќе ја убие додека лежела беспомошно прикована на дрвена штица.

- Потоа извади цигара и запалка и ме поли со бензин. Се запалив како свеќа – рекла таа.

Поранешниот партнер за тоа време ја гледал како жива гори и испушил цигара, а потоа зел апарат за гаснење пожар и го изгаснал пламенот. Но, веќе беше направена голема штета.

Шеголкин ја излупил изгорената кожа од десната рака на својата девојка, оставајќи ја со лузни со кои ќе живее до крајот на животот. Потоа и наредил да го вози до градот Азбест. Тогаш се исплашила дека ќе ја убијат и ќе и го скријат телото во шумата за време на тоа патување.

Повредената Кузменко тогаш решила намерно со својот автомобил да удри во друго возило, што најверојатно и го спасило животот. Шеголкин потоа ја оставил и побегнал од местото веднаш штом пристигнала полицијата. Таа во полиција раскажала за страшната голгота што претходно ја преживеала.

Подоцна и биле дијагностицирани тешки изгореници на горните екстремитети, горниот респираторен тракт, вратот, лицето и задникот. Имала длабоки рани од клинци и тапа на нозете, а во болница пристигнала во тешка состојба.

Шеголкин има криминално минато. Тој веќе е казнет за киднапирања, кражби, нанесување повреди и возење во пијана состојба, пишува Daily Mail.

Неговиот адвокат ја најави жалбата со образложение дека немал намера да ја убие кога ја закачил на таблата и ја запалил.

Во меѓувреме најде друг начин да добие помилување и се пријави да учествува во војната во Украина.