Миа Костова за Деми Мур: „Ако изгледам вака за 20 години, алал боцкањето“
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова по којзнае кој пат отворено зборуваше за естетските корекции. Овој пат како пример ја наведе атрактивната актерка, шеесет и две годишната Деми Мур која изгледа совршено, благодарение на осетот за естетика, можностите и секако, докторот.
Сакајќи да даде до знаење дека денес не е воопшто „страшно“ да направиш по некоја корекција на себе ако тоа те прави среќна и убава, таа објави Инстаграм приказна, фотографија на која е Деми Мур, преку која им пренесе на следбениците какво е нејзиното мислење за естетските корекции, притоа даде до знаење дека воопшто не ја интересираат коментарите за тоа какого живее животот и како изгледа во очите на другите.
„Ако изгледам вака за 20 години, алал боцкањето. Маните ме од природно и потенцирање како немаш ништо. Браво! Супер! Ужасно е да личиш на мајмун али ужасно е и да те нервираат овие што баш вака ко Деми солидно си се одржуваат …“ напиша Миа.
Фото:Инстаграм