Мила имала 134 килограми, а по прекин на токсичен брак се преполовила: Сега изгледа како бомба
Мила Наѓ е жена која поминала низ многу животни предизвици,
меѓу кои и токсичен брак, од кој излегла посилна и повитка
од било кога. Нејзината приказна е инспирација за многу жени кои се борат со
слични проблеми.
Мила ја сподели приказната за нејзината борба со килограмите и емоционалното прејадување, како и како успеала да најде начин за поздрав и посреќен живот.
Таа не била свесна дека емотивно се прејадува, најмногу затоа што имала познаници и пријатели кои и велеле: „Добро ти стојат килограмите“.
- Како мајка на четири деца сменив 3-4 работни места, на кои не останав поради животните околности и мојот поранешен сопруг. Поминаа најмалку седум години додека сфатив дека нешто не е во ред во мојот брак, а потоа бев сигурна дека немам ни нормален однос со храната.
Од сите тие обврски - деца, сопруг и работа, Мила се повеќе тонела во проблем со килограмите и емотивното прејадување.
- Најголемата тежина што ја имав беше 134 килограми. Со сите четири бремености имав над сто килограми. Навечер имав ненормална потреба за прејадување и дојдов до заклучок дека тоа се должи и на квалитетот на мојот живот и на однесувањето на мојот сопруг. Мојот сопруг секогаш беше надвор или на телефон.
Со бившиот сопруг имала проблематична врска која траела 13 години, а во последните седум Мила сакала развод.
- Си заминував и се враќав, а во сето тоа главната утеха ми беше храната. Мислам дека како мајки и жени се забораваме, а потоа кога ќе почнеш да си се посветуваш на себе, се‘ се менува од корен.
Во 2023 година, таа одлучила да се разведе и постепено почнала да учи што значи да се јаде нормално.
- Таа потреба ја пренасочив кон некои други работи и желби. Се ослободив од се‘ што емотивно ме исцрпува и јаде, ги изгубив пријателите, но се вратив себеси. Одев и во теретана. Имав и повреда на ногата која ми ги отежна работите - изјави Мила.
Мила ослабела 49 килограми за една година и нејзината борба, како што открива таа вели, е постепена.
- Можам да ви кажам дека вреди секоја капка пот и труд. Би ги советувала другите жени да се посветат сами на себе и да бидат малку посебични, да не се откажуваат од себе. Животот треба да го замислат како филм и нивно е дали ќе играат споредна или главна улога - вели Мила.
Фото: Инстаграм