Милевска: Сакаме да ги поттикнеме сите претприемачи од Пелагонискиот регион со идеја да ја преточат во бизнис
Сите со добра и иновативна бизнис идеја или со веќе формиран стартап во почетна фаза може до 30-ти Септември, понеделник, да аплицираат за втората сезона од акцелераторската програма И од Битола се може(и). На оваа тема разговаравме со Маријана Милевска, директорка на ПРЕДА Плус Фондацијата
Каква е акцелераторската програма И од Битола се може(и)?
Маријана Милевска: Ова е програма која нуди менторски и тренинг услуги, можност за вмрежување и за презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори. Со оваа програма сакаме да ги поттикнеме сите од Пелагонискиот регион кои имаат претприемачки дух и идеја да ја преточат во бизнис. Се што треба да направат е да аплицираат а ние ќе се погрижиме за дефинирање на нивниот бизнис план, ќе ги насочиме како да градат вештини за водење на идниот бизнис, ќе им помогнеме да се вмрежат и ќе им обезбедиме пристап до потенцијални инвеститори. Дефинитивно ова е одлична можност.
За кого е наменета оваа програма?
Маријана Милевска: Програмата не е наменета за индивиудалци, туку за тимови од најмалку двајца.Повикот е отворен до 30-ти септември, а може да се аплицира на следниот линк https://iodbitolasemozi.typeform.com/to/F0Ey8QНа веб сајтот predaplus.eu има повеќе информации, а сите заинтересирани може да се обратат и директно во нашата канцеларија.
Имавме често прашања за која возрасна група е наменет. На првиот повик во пролетта целевме кон младите и нивна шанса за започнување на бизниси. Сега таа возрасна рамка е проширена. Така што ги мотивираме сите оние кои имаат идеја и мал тим. Така ја креираме и нашата програма за поддршка на стартапи со што добиваат можност да ја развијат својата идеја како стартап, а понатаму во свој бизнис.
На кој начин може да се аплицира, што е потребно?
Маријана Милевска: Апликацијата е многу едноствна, Ви треба идеја која треба да биде иноватнивна. Се пополнува за буквално 10 минути. Она што имаме како барање во самата апликација е дека мора да аплицираат во тимови. Праксата кај нас од претходниот повик, а и меѓународните искуства покажаа дека кога имаме тим, идеите полесно успеваат.
Што конкретно добиваат тие што ќе бидат изрбани?
Маријана Милевска: Оној што ќе влезе во програмата , ќе добие менторство, тоа е една интензивна алатка за обучување, од страна на повеќе ментори на групни и на индивидуални сесии, ќе имаат можност лице в лице да разговараат и да ја искристализираат идејата до детален бизнис план. Потоа ќе следува интензивен, едукативен продолжен викенд каде што ќе мора да работат посветено на повеќе области од бизнисот, маркетинг, финансии и други аспекти. Она што е најважно е дека ние ги спремаме до моментот каде што ќе можат да ја испрезентираат пред потенцијални инвеститори. Тоа значи дека тогаш се спремни. Им организираме " Демо ден" , тоа е ден каде што тие практично ги презентираат своите идеи. Носиме инвеститори од бизнис сектор и од финансиски институции кои се достапни во Македонија, да можат да ги испрезентираат пред нив и да почнат преговори за евентуална реализација.
Има ли ограничувања во нивните бизнис идеи?
Маријана Милевска: Ова е повик за идеи без ограничување. Убаво е идеите да имаат иновативна нота. Можеби тоа е нешто ново за Македонија, можеби е нешто што е традиционален бизнис - дигитализација некаква на тој бизнис, меѓутоа навистина сме отворени за секакви вид на идеи.
Може да аплицираат со било што , само нека се охрабрат и важно е да бидат мотивирани, и да имаат време во наредните шест недели да се посветат во канализирањето на тие идеи и во практична работа на нивниот бизнис план.
Колку Пелагонискиот регион има перспекитиви, со оглед на тоа дека , младите се иселуваат во Скопје, па и во странство?
Маријана Милевска: За жал трендот е тој, дека во изминатиот период не престана тој тренд на иселување на иселување на младите луѓе од помалите места, да доаѓаат во главниот град и да одат и надвор. Меѓутоа има и интересен тренд во Битола кој се случи изминатите години дека некој од младите и се вратија назад, посебно од ИТ струките каде што најдоа можност за вработување во големи компании и големите ИТ компанија се охрабрија да отворат подружници каде што квалитетот на живот на овие луѓе е поголем, затоа што од тука потекнуваат, тука им е семејството и ред други работи кои им влеваат надеж дека ако се вратат ќе имаат подобар живот. Тоа се случува и е тренд во Битола. Тоа ни создава добра атмосфера во регионов, каде што навистина за тие луѓе бизнис секторот признава дека сака претприемачки дух внатре во самата компанија. Затоа стартапите може да се случат за комплетно нов бизнис, на невработени луѓе или луѓе кои сакаат да се самовработат, меѓутоа и вработени во самите компании пак можат да направат спин оф компанија за некое решение во рамките на некоја од големите компании. Претприемачкиот дух и стартапите се интересна тема во моментов за Битола.