Мили деца мои, љубовта не боли: Трогателно писмо на мајка која починала од рак

Некои луѓе и во најтешките моменти умеат да соберат сили за да ги изразат најдлабоките емоции. Ова е пораката која една мајка им ја оставила како аманет на своите деца пред да почине од рак.

Сѐ што се случило во минатото нема моќ над нас, освен ако ние тоа не го дозволиме. Кога луѓето ќе ви покажат какви се навистина, верувајте и на вашата интуиција.

Грижата само ви одзема енергија, искористете ја и потрошете ја на нешто корисно и вредно. Она во што веруваме е посилно од она што го посакуваме. Секогаш ќе бидеме она во што веруваме.

Бидете среќни за она што го имате во животот. Среќата која ја чувствуваме е обратно пропорционална со љубовта која ја даваме. Ако наидовте на неуспех, тоа нека ви биде мотив за да не се откажете. Тргнете по друг правец.

Сакајте се себеси и таа љубов пружете им ја и на другите. Сѐ што работете, правете го со страст. Љубовта не боли, напротив, нема ништо поубаво од тоа.

И лошите моменти од животот се составен дел од него. Не заборавајте, тие не траат вечно. Бидете трпеливи.

Бидете верни на себе. Во животот на некои прашања не можеме да најдеме одговор. Решението доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме и очекуваме.