Мини торби- тренд кој ќе ве врати во детството

Добивај вести на Viber

Мали модни чанти - практични и типски!

Ова важи и за чантите. После минијатурните торбички за телефон кои можевме да ги видиме на модните недели изминатата сезона, на ред дојдоа и чантите без кои не можеме. Наместо големи и гломазни ташни кои се секогаш во мода и во кои може да собере цел еден свет, отсега може да носите и мали чанти кои ќе соберат доволно, но и ќе му вдахнат моден кислород на вашиот стајлинг.

                      

Мора да признаете дека е полесно да носите неколку работи во мини торба…Нема тежина од која ќе ве болат рамената, или пак нема да ги барате со часови вашите клучеви од дома, шминките и слично. Така, овој тренд помалку не враќа и на детството,кога добивавме мали ташнички за нашите ситници,кои моравме да ги носиме насекаде со себе.

                                              

Иако порано често носевме се и сешто во нашите чанти, сега на прво место ни се практичноста и уредноста, со цел полесно да ги најдеме нашите работи низ торбата. Сега, сме спремни за мини торби и ташнички.Многумина од нив, се повеќе функционални па покрај мали торби можат да бидат и „clutch“ ташнички, а нивниот деликатен квалитет ги чини доволно софистицирани за да ги искомбинирате со вашата елегантна гардероба за различни пригоди.

Во прилог, дел од нашиот избор на мали ташнички…