Мир, надеж, хармонија: Што значат боите со кои се вапцуваат јајца за Велигден?

Портокаловата боја претставува надеж и е поврзана со нова зора, почетокот на новиот ден и новата сезона

Традицијата на боење јајца е многу стара и неизбежна секоја година во многу домаќинства кои го слават Велигден. Иако многумина веруваат дека јајцата што се обоени за Велигден треба да бидат исклучиво црвени, има многу на кои им се допаѓа повеќе - шарени. Пред да започнете да купувате бои за јајца, проверете што значи секоја од нив.


Црвена

Оваа боја е поврзана со крвта на Исус Христос. Затоа црвената боја е симбол на љубов и жртва за доброто на сите луѓе.

Виолетова

Виолетова за време на Велигден го претставува кралството и се верува дека оваа боја носи богатство.

Зелена

Зелената боја носи со себе трошка надеж и претставува раѓање и обновување.

Светло сина

Ова е боја што го симболизира рајот или небо, како и водата. Светло сината боја означува и почеток на нова креација, но и мир и хармонија.

Жолта

Не е ни чудо што жолтата боја е поврзана со сончева светлина. Тоа е боја што носи среќа и радост.

Портокалова

Портокаловата боја претставува надеж и е поврзана со нова зора, почетокот на новиот ден и новата сезона.

Розова

За време на Велигден, розовата боја симболизира нов, нов почеток. Исто така, ова е боја што е поврзана со разиграност.


За Велигден вашата куќа треба да биде полна со свежо цвеќе: Еве зошто (ФОТО)