Постојат неколку теории за потеклото на името Мирјана.
Едната и најлогична за овие простори е дека коренот на ова име е од именката мир.
Друго значење влече од коренот латински збор „mir / mira“ што означува чудесна, вистинско чудо.
Според некои ова име потекнува од хебрејскиот јазик, од зборот „miriam“ што значи тврдоглав, бунтовен.
Затоа Мирјана се смета за личност што носи мир, но и жена која е упорна и одлучна.
Слично име на ова е името Мира.