Мислела дека има камен во бубрегот, но во болница ја дочекал вистински шок (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Жената отишла во болница мислејќи дека има камен во бубрегот, но во болницата ја чекало вистинско изненадување. Наскоро таа родила тројкa.

Секоја жена знае кога е бремена, но тоа не било случај со Данет Гилц, гордата мајка на три дечиња кои не ни знаела дека ги носи, пренесува Your Tango.

Данет Гилц и нејзиниот сопруг Остин се во брак 12 години и се горди родители на две деца. Тие го сметале своето семејство за комплетно, но сето тоа се променило на 10 август кога Данет родила тројка, но приказната е малку посложена.

Таа отишла во болница мислејќи дека има камен во бубрегот

Еден ден, Данет отишла во болница поради болки во стомакот. Мислела дека боледува од камења во бубрегот бидејќи и претходно страдала од нив, па заклучила дека добро ги препознава симптомите. Но, кога пристигнала во болница, ја дочекал голем шок. Дознала дека нема камен во бубрегот, туку дека е во 34-та бременост и е на сред породување.

„Многу е ретко тројка да се зачне по природен пат, а уште поретко е да сте во 34-та недела од бременоста со нив и да не го ни знаете тоа. Никој не можеше да поверува. „Отидов во болница мислејќи дека ќе направам операција на камен во бубрегот и завршив со царски рез и тројка“, изјавила Денет.


Родените дечиња се сосема здрави

Тројката Блејз, Џипси и Ники се родени сосема здрави и тежеле по 1,8 килограми. И останатите членови на семејството биле во шок кога дознале за раѓањето на тројката, но веста најдобро ја примил нивниот 10-годишен син Рони, кој не можел да биде посреќен поради новите членови во нивното семејство.

Рони верува дека сето тоа се случило поради неговата желба. „Една вечер видов ѕвезда што паѓа, па си посакав братче за себе и две сестрички за помалата сестра. Знаев дека ќе дојде овој ден“, изјавил Рони.

Денет и Остин најмногу се плашеа од финансиските проблеми кои сигурно доаѓаат со ненадејното раѓање на три деца, но нивната локална заедница им помогна во сè. Беа преплавени од љубезноста што ја покажаа нивните сограѓани.

„Неверојатно е како еден мал град се сложи и помогна со работи кои воопшто не се очекуваа“, вели Данет.



ФОТО: Принтскрин јутјуб