„Мислев дека имам стомачен вирус, кога се допрев осетив глава меѓу моите нозе“: Жена која не знаела дека е бремена родила близнаци (ФОТО)

Жената била во шок кога мислејќи дека има стомачен вирус,осетила глава на бебе помеѓу нејзините нозе.


Луси Шо (34) страдала од стомачни болки, а потоа ненадејно родила близнаци. Таа на 5-ти јули била во 30 недела од бременоста кога пристигнале нејзините момчиња . Џејкоб и Џексон Џејмс, со тежина од нешто повеќе од 1 килограм и 600 грама, биле пренесени во Неонаталното одделение на болницата Кралската Стоук.

Лекарите од Универзитската болница изјавиле дека момчињата напредуваат „неверојатно добро“ со оглед на околностите. 

Луси, од Бидулф за медиумите изјави:

- Се разбудив во раните часови со чувство на лошење и мислев дека имам стомачен вирус. Неколку часа подоцна и се јавив на мајка ми бидејќи имав многу болки. Мајка ми пристигна и веднаш повика 911, изјави таа и додаде:

-Додека мама зборуваше на телефон со операторката, ја прашаа дали може да види нешто, јас тогаш случајно проверив доле и осетив глава. Се трудев да не туркам но операторот рече дека морам да туркам ако чувствувам дека треба.

Неколку минути по разговорот, во 6 часот наутро се родил Џејкоб, а во моментот кога  пристигнале болничарите се родил и  Џексон, поточно во 6 часот и 15 минути. Близнаците биле ставени во специјален оддел додека пак Луси била итно пренесена на интензивна нега поради големата загуба на крв. Четири недели подоцна, Џејкоб и Џексон се добро и наскоро ќе бидат дома. Ли Абот, клинички водач на неонатологија на UHNM изјави:

- Џејкоб и Џексон се навистина чудо бебиња. Тие беа толку ладни по пристигнувањето што имаа нечуено ниска температура на телото, и двете бебиња имаа добро ниво на кислород во крвта несоодветни за преживувањето, а исто така имаале и низок крвен притисок. И двајцата се сега одлично и наскоро ќе си одат дома, а Луси на тоа додаде:

- Со нетрпение очекувам да ги донесам бебињата дома кога ќе бидат подготвени. Навистина едвај чекаме.

Фото/извор:dailymail/screenshot/zena.rs