„Мислев дека нашето запознавање е најубавото нешто што ми се случило, но не било така...“: Марија Прличкова и Емил слават една година брак

Добивај вести на Viber

Мислев дека нашето запознавање е најубавото нешто што ми се случило, но не било така… туку нашиот брак. Пред да се земеме велеа „Не е исто брак и врска, многу е поинаку…” И да! Не само што е поинаку, туку и подобро е. Те имам 24/7 “ - напиша Марија Прличкова на социјалните мрежи постирајќи видео со кое објави дека денес слави годишнина од бракот со саканиот Емил Нешовски.

„Една година помина како еден миг, еден сон. Наздравувам за сите наредни наши годишници, и многууууу соништа кои допрва ќе се исполнат. Да ни биде секоја година подобра од претходната. Да ја поминеме во благослов од Господа, предизвиците да останат нашата најсилна страна. Наздравувам за сите нови патешествија и авантури.


Првава годишница ја прославувам со моменти од нашиот најубав чин досега, прославен со нашите семејства. Како и тогаш, така и сега им благодарам што ја направија нашата свадба посебна, или што би рекол нашиот кум Игор Џамбазов права америчка.

А тебе мажу мој, ти посакувам уште почелични нерви за во иднина“ - додава внуката на шоуменот Игро Џамбазов.

Инаку Марија е и правнука на познатиот македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо.


Игор Џамбазов ја омажи внуката, невестата во елегантен, но необичен фустан (ФОТО)