МЛАДИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ САКААТ ДА ГО ГУБАТ СВОЕТО ВРЕМЕ - Професор Стојановски вели не сакаат ниту просечна, туку европска плата

Добивај вести на Viber

Македонските студенти не се толку врзани кон и за професијата, за којашто се стекнале во рамки на формалното образование, туку се многу поадаптибилни последните генерации и сакаат да работат за поголем приход, покажува истражувањето на универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Страшко Стојановски. Праксата покажува дека добар дел од оние кои завршуваат, сакаат да работат за странски компании и не им се привлечни ниту минималната, ниту просечната плата во земјава.

- Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе цел на нив, барем од она што јас можам да го согледам, вели Стојановски во видео интервјуто снимено.


Детали на Фактор тука.