Актуелно // Insta вести
„Многу фалиш Мичина мој“: Марјан Коцев емотивно за татко му
- 04 Октомври, 2024
Пејачот Марјан Коцев преку социјалните мрежи вчера испрати емотивна роденденска честитка за неговиот покоен татко.
Да беше жив Мирче Коцев вчера ќе наполнеше 76 години.
„Ех татко мој! Вчера те немаше да го прославиме твојот 76ти роденден!
Многу фалиш Мичина мој !“ - напиша познатиот пејач на Инстаграм споделувајќи и фотографија на која е со татко му.
Марјан Коцев е пејачот чија песна не може да се замисли ниту една семејна прослава или свадба.
„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ е само делче од неговиот репертоар , а кои се меѓу неговите најбарани песни.
FOTO: Instagram printscreen