Многу жени ги мачи прашањето дали е можно да се плива во море за време на менструацијата: Ова е единствениот одговор!
Стравот од капење е длабоко вграден во свеста на жените
доколку го добијат својот месечен циклус додека се на одмор. Многу жени не се
сигурни дали можат и дали треба да одат во море додека имаат менструација. А на
повеќето им го расипува целиот одмор. Сепак, постојат неколку совети кои можете
да ги примените и да ја свртите ситуацијата во ваша корист.
Затоа, ако ви дојде менструацијата исто како што пристигнавте на море, не грижете се. Еве како можете да се бањате без да се чувствувате непријатно.
Пред се‘, температурата на водата не смее да биде премногу студена, треба да имате пријатно чувство додека се капете, а пред да влезете во вода да ставите тампон кој треба да го промените по излегувањето, советува докторката Ула Мартон, пренесува МисЗдрава.
Тампонот треба да се смени веднаш по излегувањето од морето, заедно со костимот за капење и секако да се води сметка за хигиената на рацете и костимот за капење.
Жените со екстремно обилни менструации и со обилни згрутчувања се советуваат да се консултираат со лекар кој ги знае нивните гинеколошки наоди, но доколку можат да ги исполнат „техничките услови“ како што се менување на костими за капење, тампони и влошки во текот на денот, во периодот кога менструалното крварење малку се намалува (4, 5 и 6 дена од циклусот) нема причини зошто да не се капете во морето за време на годишниот одмор.
Дали сонцето влијае на зголеменото крварење?
Сончањето само по себе нема негативно влијание врз должината и обемот на менструалното крварење.
Така, кога се сончате, важи стандардното правило во однос на влијанието на УВ зраците врз кожата. Неопходно е да се води сметка за заштита и соодветно подмачкување со фактори.
Зошто се променува должината на менструалниот циклус за време на одмор?
Честопати, промената на дневниот ритам и замената на денот и ноќта може директно да влијае на должината на менструалниот циклус, а најчесто тоа се случува за време на преминот во нова сезона.
Исто така, промената на дневниот (работен) ритам и релаксација на факторите на стрес може да доведе до промена на должината на менструалниот циклус.
Олеснување на симптомите на ПМС
ПМС е голем проблем за многу жени и секако не е најпосакуван за време на годишниот одмор.
Големата количина на акумулиран стрес поради забрзаниот и напорен начин на живот, каде што има минимално време за себе, го оневозможува нурнувањето во длабочината на проблемот. Периодот на одмор е период кога можете да одвоите дел од време за себе и да почнете да го менувате вашиот животен стил.
Изложеноста на голема количина на дневна светлина може да ги ублажи симптомите на ПМС, како и да го елиминира кофеинот, газираните пијалаци, чоколадото и да користи што е можно помалку млечни производи.
За време на претстојната менструација воведете задолжителна доза на витамини, кои ќе ви обезбедат енергија и помалку болни циклуси.
Фото: фреепик
Одморот лекува подобро од апчиња: Морската вода ги решава овие проблеми!