Многумина ги интересира мистеријата за бременоста на кралицата: Еве зошто нема фотографии од бремената Елизабета Втора
Кралицата Елизабета Втора роди четири деца, сегашниот крал Чарлс III, принцовите Едвард и Eндру и принцезата Ана.
На денешенден се навршуваат две години од смртта на кралицата Елизабета Втора која почина на 96-годишна возраст. Од моментот на нејзината смерт бројни интересни факти за нејзиниот живот не престануваат да бидат главна тема на сите медиуми. Луѓето ги интересира животот на кралицата пред крунисувањето, но и нејзините бремености, за кои многу малку се знае.
Многумина се прашуваат зошто нема фотографии од кралицата кога била бремена, всушност постои само една на која може да се види стомакот. Тоа е од времето кога таа била бремена со Ендру и е направена во 1960 година на станицата Ливерпул стрит додека го чекала принцот Чарлс.
Во една статија беше објаснето како на кралицата никогаш не и било дозволено да објави дека е бремена, а во текот на тие месеци, палатата ја информираше јавноста дека привремено се повлекува од очите на јавноста за одреден временски период.
– Нејзиното кралско височество Елизабета нема да презема јавни ангажмани по крајот на јуни – гласеше соопштението кога кралицата беше бремена со Чарлс.
На овој начин на кралицата и бил обезбеден сиот мир и пријатна атмосфера со тоа што никој ништо не знаел за бременоста, а таа била ослободена од сите обврски. Принцезата Дијана прва се породи во болница, а на јавноста и го покажа принцот Вилијам ден по породувањето, а по неа Кејт Мидлтон.
Понатаму, мора да се признае дека на жените им е тешко по породувањето, потребно им е опоравувањето кое им се ускратува бидејќи само ден по раѓањето на детето мора да се стокмат, нашминкаат и дотеруваат за да го претстават новиот принц на Британците.