Модерното родителство создава генерација себични и некултурни деца

Јас инаку сум оптимист. Верувам дека сè може да се реши и дека не треба да се драматизира непотребно. Затоа морам да кажам дека современото родителство е сериозен проблем, и се надевам дека ќе прочитате, но многу внимателно...

Кој е родител во таа приказна, зошто сè мора да биде по негово? Никој не вели дека треба постојано да наредувате, но не треба да создавате дополнителен товар за себеси задоволувајќи ги сите. Запрашајте се каква лекција им испраќате на тој начин. Дека ќе добијат се што сакаат, ако посакаат?

Кога децата се однесуваат лошо, родителите често се склони да го припишат тоа на „сите деца го прават тоа“. Верувајте ми, не е така. Децата се во состојба да направат многу повеќе од очекуваното, било да е тоа однесување, почитување на старите лица, самоконтрола и дарежливост. Мислите дека децата не знаат како пристојно да седат во ресторан за вечера? Или, тие не знаат како да се средат и исчистат самите себе? Ова е глупост, бидејќи единствената причина поради што мислите дека не знаат и не можат е тоа што никогаш не сте им дале шанса да научат. Подигнете ја границата на очекувања и ќе видите што тие можат да надминат.

Го изгубивме чувството дека другите учествуваат во процесот на воспитување на нашите деца. Претходно, тие беа и наставници, возачи на автобуси, пријатели, други родители на деца со кои се дружат нашите деца. А, тогаш одеднаш се случи да се нервираме секогаш кога некој друг ќе каже нешто за нашите деца, затоа што за волја на вистината, кои се тие за да ни кажат како ќе се однесуваат. На крајот на краиштата, тие се наши деца. Ние ги поддржуваме само оние кои го поддржуваат нашиот начин на воспитување, иако тоа не мора да биде воопшто коректно. Премногу ги присвојуваме децата и имаме ексклузивно право да влијаеме на нивниот раст и развој.

Одлично е тоа што ги имаме сите можни технолошки достигнувања што ни го олеснуваат секојдневието. Можеме да нарачаме храна и намирници кога ќе се вратиме од работа уморни, да загрееме готов оброк со притискање на едно копче. Да го провериме салдото на банкарската сметка со еден клик. Сето тоа е импресивно, но има и свои недостатоци. Децата треба да научат трпеливост, а во средина каде што сè е достапно веднаш, тоа е скоро невозможно. Ако мислат дека храната се подготвува за три минути, никогаш нема да сакаат да научат да готват или да ја разберат разликата помеѓу подготвената храна во која сте вложиле време и напор и онаа што е купена, нарачена. Затоа вие, како родители, треба да им објасните кои се предностите на кратенките во животот. И технолошки и оние кои се користат секој ден во животот.

Објаснете им ги придобивките од чекањето и трпеливоста

Одеднаш, сите ваши потреби не се примарни, што е делумно очекувано. Сепак, тие веќе не се на второ место, а единственото нешто што знаете е дека децата се на прво место. Јас се залагам децата да бидат на прво место, но без апсолутно запоставување на себе си. Толку често се случува мајките да станат од кревет сто пати за да ги исполнат желбите на своите деца. И татковците. Нема ништо лошо во зборот НЕ понекогаш. Едноставно, постојат ситуации во кои е сосема оправдано да кажете „не“ и да им објасните на децата зошто го правите тоа. Без оглед колку сакате да ги задоволите вашите деца, треба да знаете дека е сосема во ред да се задоволите и себе си.

Се плашам дека ако не започнеме да работиме на исправување на овие неколку грешки, иднината може да ни ги покаже вистинските последици. Децата ќе пораснат и ќе бидат себични, нетрпеливи и некултурни возрасни луѓе. Нема да биде нивна вина, туку наша. Затоа, ве молам, родители ширум светот, борете се повеќе. Дајте си помалку. Дозволете им на децата да се развиваат и подгответе ги да бидат успешни во реалниот свет што сте го создале за нив, но мора да ги оставите да учат самостојно.


Извор: The Huffington Post

Moжеби ќе ве интересира:

(Искрено ВИДЕО) Среќа, тага, солзи и стрпливост: Како изгледа еден ден на МАЈКА