Модна утка на кралицата Летиција: Овој пат не успеа да остави добар впечаток (ФОТО)
Мислевме дека ова
никогаш нема да се случи
Имајќи предвид дека важи за кралица на стилот и дека жените ширум светот се восхитуваат на нејзините стајлинзи, овој неуспех е непростлив. Модните експерти овојпат во најмала рака не се воодушевени од стајлингот на кралицата Летиција.
"Тоа е убава идеја, но слабо е спроведена на дело. Сите парчиња се во тренд, но сè заедно изгледа многу лошо", коментираат тие.
Летиција се појави во црни панталони, блуза со „пуф“ ракави и сандали со високи потпетици. Сепак, се чини дека заедничкото мислење дека се‘ црно за да нема грешка, паѓа во вода.
Можеби најголемата грешка што ја направи е изборот на фризура, која изгледа неуредно. Сите се согласуваат дека таа може да го стори тоа многу подобро. Со нетрпение го очекуваме нејзиниот следен јавен настап, за да видиме дали ќе ја исправи оваа катастрофална грешка.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Кралица е, ама носи исти комбинации и по три пати: Летиција не им придава значење на модните правилата (ФОТО)