Мора да ги научите: Модни совети за дамите после 40-тата
Сега сте позрели, мудри и знаете кои работи Ви стојат добро!
Сега сте позрели, мудри и знаете кои работи Ви стојат добро, како и да ја одберете идеалната боја што ви прилега на вашиот тен, вашата коса и очи. Денес, Ви претставуваме неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да научите како да се носите со модата којашто Ви ја носат самите години.
Вие не сте остарени, па затоа не треба да ги избегнувате модните трендови, само треба да го коригирате према својот вкус, и нормално во граница на пристојноста. Во прилог, ги издвојуваме трендовите што ги подготвивме за Вас.
Наместо деколте, истакнете го делот околу клучните коски
Длабокиот В израз можеби бил совршен избор во вашите дваесетти години, но годините си ја носат својата зрелост, па не би требало премногу да го истакнувате вашето деколте. Наместо таков дизајн, изберете модел кој ќе ги стави во фокус и ќе ги открие вашите клучни коски и рамена, кои исто така важат за сензуални делови од женското тело.
Не се откажувајте од високите потпетици
Високите потпетици се неизбежен дел од гардеробата на секоја модерна дама. Носете ги секогаш кога и каде посакате, но секогаш определуваjте се за обувки кои имаат умерено висока пета за да чекорите во нив без преголем притисок.
Темен тексас
Класичните фармерки можеби не се најдобар избор за да ги носите на работа, но во потемни или потполно црни сигурно можете. Иако фармерките се сметаат за секојдневнa гардероба на помладите, никој не ве спречува да ги носите во слободно време, па понекогаш дури и на работа. Визуелно, тоа и ќе ја направи вашата фигура потенка.
Пронајдете типски и модерен начин за да го прикриете делот од телото што не Ви се допаѓа
Не ви се допаѓа изгледот на вашиот врат? Едноставно облечете плетена ролка која секогаш ќе изгледа елегантно, без разлика што и да искомбинирате со неа.