Модните експерти децидни: Овие 5 ретро фризури се враќаат на голема врата

Добивај вести на Viber

Ако сè уште мислите дека старите трендови за убавина никогаш нема да се вратат, или дури и да се вратат, тоа ќе биде за многу кратко време, се лажете. На изненадување на сите, модата од 70-тите, 80-тите и 90-тите години се враќа со полна сила. Можеби ова ви звучи малку чудно, бидејќи оттогаш поминаа толку многу години што сè едноставно изгледа како патување низ времето.

Модните експерти се децидни, овие 5 ретро фризури се враќаат во 2025 година на голема врата, еве кои:

Француска пунџа

Елегантно, воздржано и секси – ова се трите збора кои најдобро можат да ја опишат оваа фризура. Пунџата е совршена фризура и за излет на бранч и за деловен состанок, а за стилизирање потребни се не повеќе од 5 минути.

Ретро преса

Ако се‘ уште не сте ја фрлиле старата ретро преса, не го правете тоа, бидејќи ќе зажалите. Обемните ретро локни се враќаат во мода и ќе ги гледаме насекаде.

Слоеви и степени

Повторно ќе биде во мода кратката слоевита коса шишана во комбинација со шишки, која ја знаеме од 1970-тите, но со една значајна разлика - обликот на косата ќе биде прилагоден на оној на лицето. Волуменот и воздушната текстура ќе бидат хит оваа година, а слоевите го постигнуваат токму тоа.

Фризурата на Рејчел

Се сеќавате ли како се средуваше косата на Рејчел од култната серија „Пријатели“? Па, оваа конкретна фризура се врати во мода многу години подоцна. Создава совршена рамка за лице и може да се направи на која било должина на коса.

На една страна

По долги години кога симетрично разделената коса беше модерна, време е тоа да се промени. Наместо тоа, косата повторно ќе почне да се раздвојува на страна, па ако го преферирате овој стил, можете да го направите без грижи.


Фото: инстаграм/pexels