„Моите луѓе“: Ретка фотографија на новинарката Славица Арсова со семејството

Добивај вести на Viber

Ретко објавува семејни фотографии, оваа е една од нив. Новинарката и презентерка Славица Арсова со сопругот Александар Спасовски и ќерката Мила, сподели фотографија од летниот одмор.

„Моите луѓе“, напишала Славица.

Александар и Славица во брак се повеќе од 10 години. За нивната свршувачка се пишуваше во медиумите кога Александар јавно ја запроси во централниот дневник на Телевизија Сител.

„Предност е поради разбирањето на емоцијата кон работата, непредвидливоста на денот, многуте работни викенди и празници. Предност е и меѓусебната поддршка и помош. Слабост е што некогаш работата станува тема и на семејниот ручек, но се трудиме тоа да не е премногу често“, раскажа Славица во интервју за Женски магазин за предностите и слабостите поради нивната заедничка професија.

За ќерката Мила, Славица истакна дека сините очи, упорноста и гласното бранење на својот став ги наследила од татко и, додека за сè друго прекрасно, јас велам дека е на мама, а таа вели дека е само своја (се смее).

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г
 

Ги сакам празниците и љубител сум на празничната еуфорија, лично и професионално изминатата година може да добие чиста 10 -ка: Интервју со Славица Арсова