„Моите животни ментори и најголема поддршка“: Андријана Петрушовска ги покажа родителите
Андријана Петрушовска, македонската кандидатка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ на полуфиналната вечер со песната „Бато“ на Калиопи успа д аги освои симпатиите на жирито и да се пласира во финалето на ова шоу.
Андријана чиј ментор е Мили, во изминатите емисии од шоуто успа да покаже дека одлично се снаоѓа и во народна и во забавна музика, со доза на сексапил и елеганција покажа и дека покрај глас поседува и стас.
Младата пејачка овој пат на полуфиналната вечер во бекстејџот имаше поддршка од нејзините родители. Андријана гордо ги покажа мама и тато на Инстаграм, и им посвети емотивна порака.
„Финалеееееее … Мама и Тато – дефиниција за бескрајна, безусловна и вечна љубов! Мотивација за истрајност и неоткажување од соништата на едно мало девојче! Моите животни ментори и најголема поддршка! Родители, борци, мои херои! Финале за нив и за сите вас кои чекорите со мене во остварување на мојот животен сон! Да пееме и славиме во финале! Ве сакам сите!“, напиша Андријана.
Фото: Инстаграм