„Мојата прва мисла кога се разбудив во болница беше...“: Мадона се огласи, сепак ги откажа концертите
Мадона изјави дека многу и значи поддршката од
обожавателите, а потоа откри какви планови има за кариерата.
Пејачката Мадона пред неколку недели беше пронајдена во несвест во нејзиниот стан, поради што итно беше пренесена во Итната помош каде и беше констатирана бактериска инфекција, па беше задржана на болничко лекување.
Мадона сега за прв пат се огласи на својот Инстаграм профил и откри како се чувствува.
- Ви благодариме за позитивната енергија, молитвите и зборовите на исцелување и охрабрување. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и благодарна за сите благослови во мојот живот. Мојата прва мисла кога се разбудив во болница беа моите деца. Мојата втора мисла беше дека не сакам да разочарам никој што купил билет за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги изневерам луѓето кои неуморно работеа со мене во изминатите неколку месеци за да го создадат моето шоу. Мојот фокус е на моето здравје и сила и ве уверувам дека ќе се вратам веднаш штом можам. Мојот сегашен план е да го преместам терминот за престојните концерти и да ја започнам турнејата во октомври во Европа. Благодарна сум за вашата грижа и поддршка. Со љубов, М - заврши таа.
Како дел од споменатата објава, Мадона сподели и своја фотографија и покажа како изгледа моментално по низата компликации кои ја снашле.
Фото: madona/instagram