,

Мојата сопруга е херој: Писмо од еден маж до сопругата која е медицинска сестра ги разнежни сите

Фото: bobby wesson/ facebook / screenshot

Писмото што Боби Висон и го напиша на својата сопруга Рејан и го објави на Фејсбук предизвика многу нежни реакции.

Младата мајка доби неверојатно убава изјава за љубов од нејзиниот сопруг, нежна и полна со почит.

„На оваа фотографија, можете да ја видите мојата сопруга, Рајан, како дреме. За еден час, таа ќе се разбуди, ќе се подготви за работа и ќе ја облече нејзината болничка облека. Таа внимателно ќе ги собере и испита работите што и се потребни за работа - ќе си ја среди косата и ќе се нашминка брзо. Таа ќе се пожали дека изгледа ужасно, нежно ќе и противречам и ќе и донесам шолја кафе.

Седнејќи со скрстени нозе на нашиот кауч, ќе се обиде да го пие кафето додека игра среќно со нашето бебе. Додека разговараме, нејзиниот поглед секогаш ќе талка во далечината повторно - нејзините мисли веќе полека талкаат кон смената што ја чека. Мисли дека не забележувам. Ќе го бакне бебето, ќе ме бакне мене, а потоа ќе оди да се грижи за луѓето кои ќе го поминат најлошиот ден во животот. Сообраќајни несреќи, прострелни рани, експлозии, изгореници, скршеници - работници, сиромашни луѓе, свештеници, зависници, проститутки - мајки, татковци, синови, ќерки - не е важно кој сте вие ​​или што ви се случило. Жена ми ќе се грижи за вас. Четиринаесет часа подоцна, таа се враќа дома и ги соблекува чевлите кои поминале низ крв, жолчка и солзи, кои ги носи на нејзините болни нозе и ги остава пред вратата. Понекогаш таа нема да зборува за тоа што се случило на работа. Понекогаш едвај чека да зборува за тоа. Понекогаш ќе се смее, а понекогаш само ќе плаче - но, и покрај тие моменти, таа ќе се врати на време за нејзината следна смена. Мојата сопруга е медицинска сестра за најтешките случаи. Мојата сопруга е херој “.


Можеби ќе ве интерсира:

Татко на 3 деца прати емотивна порака и им даде лекција на сите мажи