Мојот свет во еден мал наивен детски цртеж: Бојана Скендеровски за највредниот подарок за 8-ми Март

Добивај вести на Viber

Пејачката и водителка Бојана Скендеровски, веќе седум години ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

По повод Денот на жената, Бојана се пофали дека ја добила најубавата честитка во животот.


- Целиот мој живот „паѓав” на мали, ситни емотивни нешта, и како класичен разлигавен емотивец ги чував себично да ме потсетуваат дека некому нешто значам…
Ова уметничко дело од рачињата на Искра е највредното и најголемото нешто што можев да го добијам. Мојот свет во еден мал наивен детски цртеж…бесценето - напиша таа на фотографијата каде со честитка позира нејзината ќерка со татко си.


*Доколку ја сретнете Ивана на улица ќе помислите дека е Бојана: Сестра ѝ на Скендеровски е нејзина копија