Момче од Србија без раце и нозе посвоено од Американци: Од сиропиталиште до награда во Ајдахо

Добивај вести на Viber

Боуен Туми е роден во 2008-ма година во Србија без раце и нозе, а мајка му го остава по раѓањето и првите 18 месеци од својот живот ги поминува во сиропиталиште. Момчето од српско потекло утре ќе добие награда за јунак на Ајдахо поради неговиот позитивен став кон животот!

Боуен беше посвоен од семејство од Ајдахо во 2010-та година, а во последниве години ги инспирира луѓето од целиот свет.

Иако е роден без екстремитети, Боуен не се гледа себеси како хендикепирано момче, но е многу способен. Постојано си игра со своите браќа, и неговата тврдоглавост и упорност му помагаат да надмине многу пречки со кои мора да се соочи секој ден.

„Јас немам раце и нозе, но тоа е добро, бидејќи сум вака посебен. Го сакам она што јас сум", изјави ова инспиративно момче за медиумите. Боуен научи да се качува по скалите, па дури и се облекува со помош на помагала што ги направи неговата мајка.

Неговата мајка, Девон, вели дека сака да гледа како нејзиниот син ги инспирира другите.

„Многу е возбудливо за нас да гледаме како нашиот син создава таква разлика во светот", рече таа.

"Тој е еден од оние деца кои, без никаков обид, донесуваат радост и инспирација за луѓето".

Градот Ајдахо веќе осум години ја негува традицијата на доделување медали и назначувањето на десет најистакнати граѓани за херои на градот.

-Избираме поединци кои навистина се обидуваат да направат нешто убаво и добро за заедницата во која живеат- велат Фахим и Ним Рахим кои во 2011-та година ја лансираа идејата за доделување медали.