Интервјуа // Интервјуа
Момчето Кенеди од Попова Шапка: Јас сум најслободниот човек на планетава
- 22 Јуни, 2018
28- годишно момче со прекар Кенеди, живее рајски живот на Шар Планина. Сигурно сте го запознале ако сте биле во „Конак“ на Попова Шапка, каде со насмевка ги пречекува гостите со својот најверен другар, кучето Хектор.
За Јован Божиновски, бегството од бучавата и гужвата во градот, претставува уживање во убавината на Шар Планина. Таму, тој е најслободниот човек на планетава, и не се чувствува воопшто затворено,како што љуби да каже.
Во интервју за Женски Магазин, Кенеди раскажува за позитивната енергија со која плени планината и секојдневнието кое му дава мир, тишина и моќ.