Моника Црнокрак елегантна во тренди здолниште: Модна комбинација совршена за свечен изглед

Добивај вести на Viber

Моника Црнокрак поголемата ќерка на познатиот пар Мики и Светлана, е копија на нејзината мајка.

Убавата Моника пред извесно време на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографии од летен свечен изглед.

Црно здолниште кое во предниот дел е со пократок крој, корсет со животински принт во розова боја, целиот изглед Моника го надополнила со црни сандали и ланче и иста мала чанта како корсетот.

Ова е одличен избор на гардероба за некој свечен настан во летниот период.

Инаку Моника веќе извесно време е дел од тимот на естрадниот магазин „Џи карпет“ кој се емитува на Канал 5 Телевизија.

Фото: Инстаграм