Мора да ја имате: Картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место
Силк Роуд Банка повторно има изнендување за Вас. Имено во тек е промотивен период, за кредитната картичка American Express Green, oдносно со секоја апликација за оваа картичка, до 31.05. покрај бесплатна членарина за првата година, клиентите добиваат и бесплатна членарина и за втората година со направени минимум 5 трансакции.
Но она што е уште поубаво е што покрај бесплатната членарина за првите две години, клиентите имаат и други одлични поволности со картичката и тоа:
- 50 бескаматен грејс период
- Минимален износ на отплата 3% од направените трансакции
- Поврат на средства и до 15% , и тоа во брендови каде можете да најдете сѐ за Вас и вашето домаќинство
American Express е совршено дизајнирана картичка за Вас, за користење во земјата и во странство. Тоа е картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место. American Express претставува статус, престиж, услуга со највисок квалитет и ново искуство.
Доколку сѐ уште немате аплицирано за Аmerican Express Green картичката, истото можете да го сторите тука или во експозитурите на банката или на телефонските броеви 02/3203 555 или 02/3289 477.
Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен издавач на Американ Експрес картичките во земјава.