Морате да го пробате: Најбараниот рецепт за полнет божиќен венец кој освојува со вкус и мекост (РЕЦЕПТ)
Иако најмногу сакаме брзи и едноставни рецепти, претпразничното време е резервирано за испробување на нешто попразнични задоволства кои ќе го воодушеват целото семејство.
За да направиме моментална пауза од празничните колачи, тргнавме во потрага по солен специјалитет што ќе ја разубави божиќната трпеза оваа година. Еден таков најдовме на профилот на блогерката Бојана Димитријевиќ.
Божиќниот венец изгледа фантастично, а Бојана вели дека е најбараниот рецепт на нејзиниот профил. Мекото тесто со богат фил ќе го освои дури и проникливото непце, а процесот на негово правење е многу поедноставен отколку што изгледа.
Состојки за Божиќниот венец:
За тестото:
Половина свеж квасец (или една кесичка сув)
1 лажица шеќер
150 мл топло млеко
1 лажичка сол
2 јајца
5 супени лажици маслиново масло
500-550 гр брашно
За фил:
50 гр маслинки
50 гр кисели краставички
50 гр шунка
50 гр сирење
1 лажица сушен кромид (по избор)
За премаз:
1 жолчка од јајце
1 лажица мајонез
Божиќен венец - подготовка:
Во поголем сад измешајте топло млеко, квасец, шеќер и масло. Оставете десетина минути, па додадете ги јајцата и изматете со вилушка. Додадете просеано брашно и замесете тесто, ако е премногу меко, додадете уште малку брашно. Покријте со крпа и оставете 15 минути.
Ситно исечкајте ги состојките за филот и убаво измешајте.
На набрашнета површина расукајте го тестото во тенка кора во кружна форма.
Намачкајте го филот по целата површина на тестото и виткајте во класичен ролат. Ролатот пресечете го на половина по целата должина. Испреплете ја едната половина со другата, како плетенка и направете круг.
Готовиот ролат префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Измешајте жолчка и мајонез и премачкајте го венецот.
Печете 40 до 50 минути на 170 степени. Покријте со фолија и крпа и оставете 10 минути пред послужување.
извор:zadovoljna.dnevnik
Вакви немате пробано: Слаѓа го има рецептот за највкусните мафини (ВИДЕО)