Морничава судбина на познатата актерка: Синот со години ја злоставувал, преживеала голема трагедија, а спас пронашла во прифатилиште

По смртта на сопругот животот ѝ се претворил во пекол.

Српската актерка Весна Печанац оствари бројни улоги како во филмовите и телевизијата, така и на театарската сцена.

Беше мажена за познатиот режисер Живко Николиќ, со кој има два сина, а некои од своите најпознати улоги ги оствари токму во неговите филмови „Лепота порока“ и „Чудо невиџено“. Публиката добро ја памети и како Јека од серијата „Џекна још није умрла, а када че не знамо“, а голем дел од кариерата помина во „Атеље 212“, пишува Glossy.rs.

Весна ја обожуваше својата професија и зборуваше дека никогаш не сака да замине во пензија, меѓутоа семејните трагедии направија таа да се оддели од сцената. За кратко време ги изгуби сопругот и родителите и не можеше да поднесе да гледа како луѓето околу неа се смеат.

Актерката не криеше дека во нејзиниот живот се вселила голема тага и дека таа паднала во длабока депресија.

„Во време на бомбардирањето Живко исчезна. Почувствував огромна болка, преголема тага. Едниот син замина да се замонаши. Рече: „Мене ми се сите бадеми срушени“. Останав да гледам во ѕид, паднав во депресија. Некогаш бевме големо, ведро, сложно и многу вредно семејство... Не можев да глумам, побарав пензија. Работата на комичарот е да им дарува радост на луѓето, а јас повеќе немав радост.“

„Пензија - 7.000 динари. Бевме гладни. Мислев дека поради тоа потполно ја изгубив меморијата. Една милосрдна шефица во самопослугата во близина на нашиот дом со години ни даваше храна на вересија и можев да бирам дали да одам на пазар или да ѝ вратам дел од долгот. Сепак, одам на пазар Од ќесата ми се гледа младиот кромид и јас кружев по целиот кварт за таа да не ме види.“ - рече Весна во една прилика за „Новости“.


По смртта на сопругот, животот ѝ се претворил во пекол. Имено, во јавноста во 2006 година се рашири информацијата дека синот ја злоставувал.

Покрај тешките животни околности кои им се случиле, Весна секогаш храбро, со насмевка се присетувала на деталите од минатото, како од деловниот, така и од приватниот живот.

„По смртта на сопругот, плодниот црногорски режисер Живко Николиќ, Весна живее ужасен живот и постојано се бори со нејзиниот син, кој неколкупати вербално, па дури и физички ја малтретирал“ - изјави тогаш соговорникот на весникот „Прес“.

Актерката тогаш од семејниот дом побегнала во прифатилиштетоза жртвите кои преживеале семејно насилство, за да се спаси од злоставувањето на својот син.

„Сирота жена, немаше излез и побегна од дома. Засолниште и дом најде во невладината организација, што ја спаси од насилството прифаќајќи ја под нејзиниот покрив. Животниот пат на Весна стана многу тежок веднаш по смртта на Живко. Во 80 - тите години, замина во Америка со своите синови и сопругот. Кога пристигнаа во Холивуд, видоа дека нема место за нив. Тие се спакуваа еден ден и се вратија назад кон Југославија. Заминаа за Црна Гора, каде Живко умре во 2001 година. По смртта на нејзиниот сопруг, актерката се врати во Белград со синовите поради нивното школување. Тогаш започнаа и нејзините страдања, кои завршија во прифатилиштето за жртви на насилство“ - откри тогаш изворот.

За наводното злоставување од страна на нејзиниот син, Весна никогаш не сакаше да зборува, туку секогаш храбро, со насмевка се присетуваше на деталите од минатото, како од деловниот, така и од приватниот живот.