Може скапо да ве чинат: Никогаш не ги правете овие работи пред и после сексуален однос

Обратете внимание на некои од овие работи за сексуалното искуство да не ви остане во среќно сеќавање или непотребно да предизвикате инфекции на уринарниот ситен, или пак да се доведете до несакана бременост.

Дури и на искусните љубовници може да им се случи да предвидат некои работи и да си го искомплицираат животот. Затоа бидете внимателни!

Еве што не е паметно да правите пред или после секс:

Да истрчате веднаш во тоалет после сексот

- Можеби сте слушнале или прочитале дека е добра идеја веднаш после сексот да мокрите, за да се намали можноста од инфекции, но мочката нема влијание врз тоа- објасни докторката Џенифер Бумп, професорка по гинекологија на медицинскиот универзитет во Хјустон.

Да испразните шише вино пред секс

Чаша вино ќе ви помогне за подигнување на расположението, но премногу алкохол лесно ќе ви го намали сексуалното уживање. 11% од испитаниците признале дека имале проблем со постигнување оргазам, ако испиле премногу.

Лежење во оваа поза после сексот

Не сакате да забремените? Не ја подигнувајте карлицата после водењето љубов бидејќи тоа може да ја зголеми шансата за зачнување. Оваа поза помага сперматозоидите да стигнат побрзо до материцата, вели докторката Бумп.