Мозочниот удар ми ја уништи кариерата, но и љубовта: Животната приказна на Шерон Стоун

Добивај вести на Viber

Целиот живот ми се избриша. Ме гледаа како расипана играчка и ја избегнуваа соработката со мене, проговори актерката за најтешкиот период од животот

Американската актерка, режисерка и поранешна манекенка, Шерон Стоун, е жена чиј профил е спремен да му компарира и на оганот. Секогаш страсна кон животот, не губејќи ја надежта после секоја предизвикувачка битка, оваа актерка го користи високиот степен на интелегенција како постојан мотив за борбата да не се откаже од ништо и никогаш.

Родена е на 10 март 1958 година, во индустриското градче Мидвил, Пенсилванија. Татко ѝ Џозеф бил индустрискиработник, додека мајка ѝ Дороти била општински сметководител. Живеела заедно и со постариот брат Мајкл, помладата сестра Кели и најмалиот брат Патрик.

Далеку од просечна, уште како мала ја вреднувале дека е надарено дете, второ одделение започнала од 5 годишна возраст. Средно училиште завршила во Пенсилванија, во 1975 година и на петнаесетгодишна возраст се запишала на Универзитетот Единборо, отсек литература и уметност. Во текот на студиите се пријавила на локалниот избор за Мис и победила. Учествувала на повеќе вакви натпреварувања, со примамлива и одушевувачка природа била советувана да започне манекенска кариера. Предизвикот секако бил прифатен, но по две години сфатила дека повеќе сака да биде актерка, отколку модел.

Телевизиската кариера ја започнала глумејќи во рекламни спотови. Филмското деби го имала во филмот на Вуди Ален, „Stardust Memories“. Сепак првата вистинска улога која ѝ донела популарност е во филмот „Total Recall“ во 1990 година. Само пет години подоцна, Шерон ја добила и својата ѕвезда на Булеварот на славните.

Многу актерки одбивале разголување на филмското платно, но токму ова поле ја прослави Шерон и ѝ донесе статус на секс симбол. Има глумено во повеќе од 100 филмски и телевизиски проекти и била номинирана за повеќе престижни награди.

Како што самата изјави во една прилика, родена да биде прва и највпечатлива, во својата биографија има речиси 300 насловни страни на познати магазини, меѓу кои се Vogue и Playboy. Во 1992 година, Шерон завршила на листата со 50-те најубави луѓе на светот, според магазинот People, а во 1995 година спред магазинот Empire, таа се нашла во топ 100 најсексапилни филмски ѕвезди во историјата.

Во 2001 година, животот на оваа актерка добива нова рамка. Шерон доживува јак мозочен удар, од кој долго време се опоравувала. Многу подоцна, таа за медиумите открива дека морала одново да ги научи некои од основните навики, да зборува, оди и пишува. Овој немил настан е јак удар врз нејзината кариера, чие влијание практично ја отпиша од холивудската сцена.

Во текот на опоравувањето, Шерон се посветила само на своите деца. После мозочниот удар, љубовта била избледена копија, по 6 години брак со новинарот Фил Бронстеин, таа се разведува. Старателството на нивното дете го добил таткото, а актерката добила само право на привремени посети. Една година подоцна, Шерон посвојува син, а потоа ја шири својата фамилија со уште две посвоени деца.

Пред Бронстеин, Шерон три години беше во врска со продуцентот Мајкл Гринбург, чиј веренички прстен му го вратила по брза пошта.