Му дијагностицираа леукемија, со 5% шанси да преживее: Приказната на ова момче ќе ве расплаче

Чудото од момче, како што го нарекуваат, воспостави нов термин во медицината наречен Фрејзер ефект

Али Хинде била наречена „параноична“ кога отишла на лекар бидејќи имала „чувство во стомакот“ дека нешто не е во ред со нејзиното бебе.

- Фрејзер е роден целосно здрав и со месеци беше активно бебе. Но, кога доби лош случај на сипаници, сè се промени. Неговото тело реагираше ужасно, го ставија на силни антибиотици, што беше навистина страшно бидејќи имаше само шест месеци. Потоа сè се промени. „Лекарите никогаш не виделе таков случај на сипаници“, вели Али.

Изјавува дека никогаш не можела да го расположи својот син, а таквите моменти често ја „кршеле“.

- Мислев дека сум лоша мајка, бидејќи ја изгубив „врската“ со моето бебе - вели Хинде.

Синот го однела на преглед веднаш штом забележала чудни модринки на стомакот.

- Докторот иронично ми се насмеа, ме нарече невротична мајка и рече дека е очигледно дека тоа е мое прво дете, а потоа не отпушти - го раскажува Али ова тешко искуство.

Загрижената мајка цела ноќ истражувала на Интернет, а во резултатите од пребарувањето постојано се појавувал зборот „леукемија“. Исплашена се вратила наредниот ден во итната медицинска помош, каде што била примена од, како што вели, „неверојатна жена лекар“ и направила серија тестови кои, за жал, го покажале најлошото.

Наскоро се покажа дека Фрејзер има акутна Б-клеточна леукемија со преуредување на „Burkitts MIC генот“ - болест која најчесто се забележува кај децата во Африка.

На тригодишна возраст, момчето отишло на трансплантација на коскена срж, операција која понудила стапка на преживување од пет проценти. Лекарите му рекле на семејството дека никогаш не дале толку многу хемотерапија на некој толку млад, ниту пак виделе случај како нивниот.

Овој храбар борец не само што ја преживеа трансплантацијата туку и закрепна во рекордно време.

Наскоро лекарите ја измислија фразата „Фрејзер ефект“.

Денес, Фрејзер сака да си игра надвор со својот златен ретривер Бинг, а наскоро ќе тргне на училиште, пренесува „Metro.Co“.

Извор: www.telegraf.rs

Фото: Facebook/Alison Gaffney-Hinde