Животна училница // Приказни
Му се суди со монструмите кои ги убија Вања и Панче: Еден обвинет заврши во болница, еве во каква состојба е
- 30 Септември, 2024
ФОТО: Вангел Тануровски
Боре Видевски во моментов се наоѓа на клиниката за Нефрологија. Таму е примен во неконтактибилна состојба, според зборовите на неговиот адвокат .
Боре е меѓу осомничените за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче. Судењето за случајот треба да почне во понеделник, но не е извесно дали велешанецот Видевски ќе биде во можност да седне во обвинителната клупа за судење заедно со останатите.
Како што пренесоа дел од медиумите, во минатото имал трансплантиран бубрег и на клиника бил примен со откажан бубрег, вчера утрото.