Мудри еврејски поговорки: Сите се жалат на беспарица, никој на недостиг на мозок

Добивај вести на Viber

За Евреите се вели дека се најмудриот народ во светот. Ние ви претставуваме 30 еврејски поговорки, па вие сами одлучете:


„Адам - ​​првиот среќник на овој свет затоа што немал баба (мајка на неговата жена)“.

„Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблемот, туку трошок“.

„Плашете се од предницата на јарецот, од задницата на коњот и од будали од сите страни“.

„Човекот мора да живее барем од љубопитност“.

„Родителите ги учат децата да зборуваат, децата ги учат родителите да молчат“.

„Јајцата може да бидат многу попаметни од кокошките, но тие брзо се расипуваат“.

„Мажите би сработеле повеќе работи ако жените молчат“.

„Потешко е добро да се молчи, отколку  добро да се зборува“.

„Боже, помогни ми да застанам на нозе – да паднам можам и сам“.

„Ако животот не се промени на подобро - почекајте - ќе се промени на полошо“.

„Колку и да е слатка љубовта, нема да направите џем од неа“.

„Помеѓу две зла, песимистот ќе ги избере и двете“.

„Сите се жалат на недостаток на пари, на недостаток на мозок – никој“.

„Кој нема деца, добро ги воспитува“.

„Искуството е зборот со кој што луѓето ги нарекуваат свои грешки“.

„ Сива коса - знак на старост, а не на мудрост“.

„ Со пари во џеб вие сте мудри, убави сте и убаво пеете“.

„Како што човекот старее, се гледа полошо, но и повеќе“.

„Каде што ѓаволот не може сам, тој таму го испраќа виното“.

„Честа е како млеко: се извалкува од најмала прашина“.

„Прво пиеме вино, а потоа виното пие вино, и на крај, виното нè пие нас“.

„Ако имате горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне“.

„Нека Бог ве чува од злобни жени а од добрите чувајте се вие самите“.

„Кога ви се чини дека нема излез од некоја ситуација, има најмалку четири“.

„Мудариот човек слуша еден збор а разбира два“.

„Научете да молчите, за да научите да зборувате“.


Фото: Profimedia


Вака Евреите ги воспитуваат децата: Генијални, паметни, културни и способни деца