Мудри мисли за љубовта:„ Дури ни фустан не треба да се закрпи, а камоли љубовта. Подобро е да си заминеш„

Добивај вести на Viber

Љубовта често е мотивација, причина и повод да се направи нешто, инспирација и тема на најубавите уметнички дела, но и главен двигател во секојдневниот живот. Кога ја сакаме нашата работа, полесно ни е да ја работиме, кога го сакаме она што го работиме - подобри сме во тоа, кога сакаме некого - имаме сила за сè, а кога се сакаме себеси - ништо не ни стои на патот.

Многумина пишуваа и денес се уште пишуваат за љубовта, создаваа, создаваат, се бореа и се борат во нејзино име, беа инспирирани од неа.Многумина се обидоа да го објаснат, научат и разберат нејзиното значење но не успеаа, за некои пак љубовта претставуваше најголемо страдање и болка.

Токму љубовта била инспирација за некои од најпознатите уметници, големи умови, значајни историски и современи личности, а еве ги нивните мудри мисли:

Од љубов не се живее, но за неа се умира. - Српски поговорки

Љубовта се состои од една душа која живее во две тела. – Аристотел

Дури ни фустан не треба да се закрпи, а камоли љубовта. Подобро е да си заминеш. – Меша Селимовиќ

Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од природата да го запре говорот кога зборовите стануваат излишни. – Ингрид Бергман

Бракот се состои од три работи: љубов, доверба и трпение. – Бранислав Нушиќ

Може ли некогаш да се заборави она што некогаш се бакнувано? – Жан Жак Русо

Не е важно колку работите, туку важно е колку љубов вложувате во она што го работите и колку им давате на другите. – Мајка Тереза

Ако сакаш некого, кажи му,  бидејќи срцето може да се скрши и со зборови кои не се кажани... - Жарко Лаушевиќ

Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа. – Блез Паскал

Се што ти треба е љубов. – Џон Ленон

Колку помалку сакаме една жена, толку повеќе и се допаѓаме. – Александар Сергеевич Пушкин

Како можам да мразам некој што ми дал само љубов? – Пауло Коељо

Заљубувањето е нешто добро, забавно и може многу да го збогати животот. Но, тоа е различно од љубовта. Љубовта нема цена и не треба да се менува за ништо. – Пауло Коељо

Оние кои длабоко сакаат никогаш не стареат и да умрат од старост, умираат млади. – Жарко Лаушевиќ

И ако воопшто знам што е љубов, знам поради тебе. – Херман Хесе

Љубовта е игра која двајца можат да ја играат и двајцата да победат. – Ева Габор

Само љубовта е вистинска, а единственото нешто за што вреди да се живее е љубовта. – Џон Ленон

Ние сме сами при раѓањето, сами сме во текот на животот и умираме сами. Само со помош на љубовта и пријателството можеме да создадеме илузија, барем за момент, дека не сме сами. – Орсон Велс

Љубовта е најголемата сила што светот може да си ја претстави, а во исто време и најскромната. – Махатма Ганди

Времето е секогаш кратко за љубовниците и ниту една патека не е доволно долга. – Иво Андриќ

Вистинската љубов мисли на моментот и на вечноста, но никогаш на траењето. - Ниша

Само со срце може навистина да се гледа. Она што е суштинско е невидливо за окото. – Антоан де Сент Егзипери

Фото: freepik