Музичарот од Охрид кој со својата виолина ги освои срцата на 2 милиони следбеници на Инстаграм, доби награда од YouTube: „Ми се исплатеше 10 годишната работа“
Охриѓанецот Петар Маркоски кој со неговата музика ги освои срцата на над 2 милиони следбеници, се пофали со нов успех на Инстаграм.
„100 илјади претплатници на YouTube. Ви благодарам многу на секој од вас“, напиша музичарот.
Петар во своето обраќање вели дека му се исплатела 10 годишната работа и споделување музика со неговите фанови насекаде низ светот.
„ Уживајте во она што го имате во животот, уживајте во малите работи и продолжете да споделувате љубов“.
Инаку Петар своите почетоци во музиката ги имаше на музичкото шоу „М2“, потоа имаше неколку соло песни, па се посвети на неговата прва љубов – виолината.
Маркоски досега имал бројни награди и признанија, но најзначаен настап за Женски магазин откри дека му бил настапот пред папата Франциск.
„Моментот кога добив е-маил од фестивалот „Мурекс Д'ор“ во Бејрут, Либан, беше еден од моментите кога се почувствував прекрасно, награда за најдобар Интернационален музичар за 2023-та година.
Би го
споменал настапот и пред папата Франциск како дел од програмата за „World day
of the poor", каде од особено значење ми беше најавата која одеше на сите
телевизии во Италија, споменат како единствениот Македонец кој настапил пред
папата.
Како трето и најдраго би сакал да споделам порака која ја добив пред 3-4 години, која одеше вака: „Здраво Петар, седам сам, тажен во доцните часови на железничка станица, чекам веќе неколку часа, да се вратам во родниот град да ја видам мојата фамилија, која не сум ја видел една година. Случајно видов твое видео како свириш, во душата ми изгреа сонце и насмевка на мојот лик. Ти благодарам" - нели нема нешто поубаво од ова?“.