МВР ГО ПОТВРДИ ИНЦИДЕНТОТ ВО ГТЦ: 55-годишна жена е пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“
Фото: printscreen youtube
Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот во Градскиот трговски центар, сепак, не прецизираа дали станува збор за несреќен и случаен пад, или навистина жената скоканал од тарасата како што тврдеа сведоци на настанот.
- Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“ - велат од МВР.
МВР не дефинира дали се работи за обид за самоубиство или за случаен пад.
Сведоци на настанот претходно посочија дека жената се предомислувала, но сепак, скокнала. При скокот младо момче се обидело да ја спаси, да ја фати пред да падне, но не успеал во намерата.
Жената еднаш била однесена во Ургентен центар „Мајка Тереза“. Засега нема информации за какви повреди се работи и дали тие се живото загрозувачки.
Извор: faktor.mk