#MYSFSWIMBODY| Сара Фешн ги поддржа жените кои гласно зборуваа за женската убавина
Сите костими за капење го откриваат обликот на женското тело, а само костимите за капење на Сара Фешн го откриваат обликот на женската убавина! Оваа година ова е главната движечка мисла на кампањата за новата летна колекција на македонскиот бренд Сара Фешн (СФ).
„Главна
мисија по која што се водевме во нашата кампања беше да го слушнеме гласот на
секоја девојка. Да ја охрабриме, да ја мотивираме, да ја инспирираме.
Да се сака самата себе, да го сака своето тело, да зрачи со самоувереност и
посебност. Да се чувствува удобно во своја кожа и да зрачи со индивидуалност.
Да ги носи костимите за капење на начин којшто шепоти со привлечност и неуморно
се радува. Ја поттикнавме оваа летна револуција затоа што убавината е во секоја
форма на женското тело. Оваа #MYSFSWIMBODY кампања е од исклучителна значајност за нас, затоашто е поразлична од сите останати. Инспиративна е и
искрена. Ја надополнивме со интернет предизвик кадешто нашите прекрасни девојки
– блогерки Jелена Спенџарска, Марис, Софија
Јанева и Ксенија Деспотоска ги повикуваат и предизвикуваат сите девојки облечени во
костимите за капење на СФ да ја раскажат и споделат својата #MYSFSWIMBODY приказна.
Девојките следејќи го примерот на блогерките се инспирираа и надополнуваа една со друга уживајќи и забавувајќи се во нивните омилени СФ костими за капење. 12 девојки коишто учествуваа во нашиот летен предизвик, беа избрани по случаен избор од страна на нашите блогерки, ги наградивме со вредносни ваучери од нашиот широк асортиман на производи, а главната награда викенд во Охрид за двајца беше доделена на една од среќните учеснички надополнета со целосен аутфит за на плажа.“ – ни раскажаа од тимот.
Тие изјавија дека од исклучителна важност за нив е тоа што во оваа кампања остварија соработката со здружението за родова еднаквост - One Can.
„Колку што подаривме, толку дониравме. 12 девојки од организацијата One Can ги добија истите награди како и наградените учеснички од предизвикот #MYSFSWIMBODY. Со ова нашата кампања доби друга димензија. Димензија со која подаруваме насмевки и се поддржуваме. Димензија на вредност, на слобода и на подобро утре. Навистина сме задоволни од одзивот за оваа кампања, од храброста на девојките, нивната упорност и мотивираност. Ние навистина уживавме соработувајќи со секоја од нив и гледајќи како нивната љубов кон костимите за капење на СФ ја преточуваат во инспирација и мотивација“ – ни раскажаа од Сара Фешн.
За убавата соработка поразговаравме и со тимот на One Can.
“Благодарност до Сара Фешн, што препознаа каде навистина се потребни нивните производи! Се радуваме на оваа соработка и во иднина се надеваме дека ќе имаме уште многу вакви акции каде жените ги подржуваат другите жени! Благодарност на СФ за нивната хуманост, позитивно мотивирачка енергија и одлична соработка.”– изјави Елена Божиновска, претставничката од One Can и One Can Youth.
Во
колекцијата Сара Фешн костими за
капење коишто се дел од #MYSFSWIMBODY кампањата можете
да најдете модели кои ја отсликуваат убавината на секоја форма на женското
тело. Ова е
колекција изработена од високо квалитетни материјали и е
скроена за ваше
целосно уживање. Воедно ги содржи и најтрендовските модели на костими за капење дефинирани за
ова лето.
Погледнете ја новата колекција на Сара Фешн онлајн на www.sarafashion.mk и на
нивните профили на социјалните медиуми фејсбук и инстаграм и уживајте во летото коешто е создадено за мене, за тебе,
#SF лето за сите!
Sara Fashion произведува и продава производи за жени, мажи и деца од категориите пижами, долна облека, костими за капење и модни додатоци, хулахопки, чорапи. Главни застапници се за светските брендови Pompea, NBB, Happy Socks, Penti и многу други.
ПР Објава