На 14 години станала мајка, а сите ја убедувале да абортира: Ема откри како се соочила со тинејџерската бременост и дали жали за тоа

Добивај вести на Viber

Тинејџерската бременост повеќе не е табу тема, а за жал стапката на нивната зачестеност во светот се зголемува. На популарната телевизија TLC дури има цела серија за мајки тинејџерки кои многу рано останале трудни и решиле да родат.

Една од девојките која дознала дека ќе има бебе на само 13 години е Ема Ворло која денес има 23 години. Таа реши да ја сподели својата приказна со јавноста. Имено, како што вели, станала мајка на 14 години, што никако не и било во животните планови.

„Навистина не планирав да станам мајка на 14 години, но не можев да се откажам од моето дете“,  објаснува таа во видеото кое се појави на социјалните мрежи.

@emmawhorlow762 #CapCut original sound - Alexia Ocon

Оваа млада мајка признала дека откако дознале за нејзината бременост, сите ја наговарале да абортира, но таа не се согласила на тоа.

- Се случи најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Повеќе би сакала да се грижам за бебе отколку да се пијанчам и да се дрогирам на таа возраст и да си го уништам животот засекогаш. Негативни коментари имаше, а имаше и навистина гадни, не ми сметаат - не ме познаваат - рекла Ема, пишува The Sun.

@emmawhorlow762

Unconditional - Acoustic - Sinead Harnett

Ема по првата бременост добила уште едно дете.

„Јас сум добра мајка, можев многу полошо да поминам со алкохол и дрога како многу мои врсници. Докажав дека сите што ме осудуваа грешат", напишала Ема на мрежите со фотографии од раѓањето на нејзината прва ќерка во 2015 година. .

На сметката на Ема во Тикток можете да видите и видео од породилното одделение кога таа отишла да се породи како тинејџерка. Во тој момент со неа била и нејзината мајка.

@emmawhorlow762 #hadababyat14 #wegotthroughit #mybabygirl It’s Called: Freefall (Sped Up) - Rainbow Kitten Surprise

Ема во своите видеа кажува колку е горда на одлуката да роди дете, без разлика колку била млада и неподготвена. Еден дел од неа е горда затоа што на сите кои ја осудувале им докажала дека може се‘ сама и да биде добра мајка.

Овој нејзин клип стана вирален со 2,7 милиони прегледи на TikTok и предизвика бројни коментари.


Фото и Видео: ТикТок