На 18 години имала 135 килограми, а потоа животот и се смени од корен (видео)

Добивај вести на Viber

Мелиса Моавад на само 18 години имала 135 килограми и можела да носи облека наменета за бремени жени.

Како млада девојка, Мелиса била опседната со храна, па неретко знаела оброците да ги однесе во соба, за да јаде доцна во ноќта. Секоја вечер јадела крофни, брза храна, чоколади и пиела газирани пијалоци.

Денес таа има 29 години, успеала да ослаби 65 килограми и да го промени животот од корен. Причината поради која решила да направи драстична промена е предупредувањето од докторите дека може да добие срцев удар.

По предупредувањето, пред 5 години започнала програма со вежбање во теретана и контролирана исхрана.

„Почнав да одам во теретана и да внимавам што јадам. Килограмите почна да ги снемува и јас од затворена, срамежлива девоја, станав самоуверена жена која го сака животот“, кажала Мелиса.

Минатата година стапила во брак со долгогодишното момче, а нејзината приказна е вистинска инспирација, доколку сте спремни да направите промени во животот.