„На 6 години бев присилена на интимност, а на 10 да ја изгубам невиноста“: Исповед на Кристина, која беше дел од озлогласена секта (ВИДЕО)

Кога ќе го слушнете името на организацијата „Божји деца“, вашата прва асоцијација веројатно би била некоја конзервативна верска заедница, која ги пропагира вистинските семејни вредности и воспитувањето на децата според строги патријархални правила. Всушност, реалноста е сосема поинаква, а зад овој култ се криела мрачна приказна која ги уништи животите на многу девојки.

Кристина Бебин е една од многуте кои го преживеале пеколот на овој озлогласен култ, а во 2018 година во својата исповед за „Мирор“ открила дека таа, нејзините браќа и сестри биле принудени да питачат на улица. Разговорот со надворешниот свет бил забранет, а децата биле претворани во робови.

Таа денес е мајка на четири деца, а по 20 години реши да проговори за се, и да и ја каже на јавноста својата мачна приказна, за да спаси барем еден човек и да спречи некој да го помине целиот ужас што искусила од бебе!

Имено, како тинејџерка, додека била заробена во сектата, била сведок на проституција, насилство и егзорцизам. Кристина често била силувана и ѝ требало долго време да се справи со траумите што ги доживеала.

Ниту еден од членовите на култот не смеел да плаче, а доколку не се смеел би бил тепан. Познати личности како актерката Роуз Мекгован, трагично починатиот Ривер Феникс и неговиот брат славниот Хоакин Феникс биле дел од оваа секта. Роуз и Хоакин успеале да побегнат, но Кристина немала толку среќа. Таа помина долго време во озлогласен култ.

- Ни рекоа дека сексот е добар и дека треба да уживаме. Бев многу збунета што не уживав во се тоа, ја започна својата исповед Кристина.

Кристина била бебе, а нејзиниот брат имал само 2 години кога нивната мајка станала дел од грозоморниот култ, кој имал помеѓу  3 и 20 семејства во секоја општина. Кога наполнила 8 години, била запознаена со „Законот на љубовта“, кој им дозволува на мажите да спијат со кого сакаат. Жените и девојките на возраст над 10 години ги мамеле мажите во култот да имаат интимни односи со техника наречена „риболов со флерт“.

Програмиран живот

Кристина отишла да проси со децата од култот, гледајќи како другите деца слободно си играат надвор. Имала програмиран живот - се будела во седум наутро на молитва, потоа одела да проси, а потоа се враќала дома да се грижи за помалите деца. Тие вежбале по еден час дневно, но без груба игра, бидејќи култот не можел да си дозволи да биде откриен во болница поради некоја повреда.

Вистинскиот вовед во животот на овој озлогласен култ го доживеала на 11-годишна возраст, кога била принудена да спие со брачен пар!

Во рамките на „Божји деца“, возрасните можеле да спијат со деца и жени. Култните семејства живееле одвоено. Децата биле сами во групата и им било кажано дека сите возрасни се нивни родители. Кристина се селела со своето семејство од една во друга општина, и била сведок на застрашувачкото насилство на некои членови на култот. Наместо приказни пред спиење, таа слушала извештаи за претстојната апокалипса.

- Со палки го истеруваа „демонот“ од мене. Видов како претепаа момче кое се намурти наместо да се насмее, а друго момче пак беше турнато низ хартиена бариера во Јапонија бидејќи не престануваше да плаче. Единствено можев да заплачам кога добивме казни - објаснува Кристина.

Таа нагласи дек веднаш потоа морале да престанат.

- Не тренираа да бидеме емотивни роботи, секогаш среќни и насмеани. Не смеевме да играме, ниту да читаме книги, а единствениот филм што ни дозволија да го гледаме беше „Мои песни, мои соништа“, бидејќи децата од семејството Фон Треп секогаш беа среќни“, вели оваа храбра жена.

И додава дека од страв го мокрила креветот, но морала да го сокрие сето тоа бидејќи се сметало за „демонско опседнување“!

Како успеала да побегне од канџите на оваа секта?

Кога имала 12 години, таа и нејзиниот постар брат биле испратени во Јапонија на еден месец камп, а таму останале две години. Таму била принудена да ја чита Библијата со часови, да ги повторува своите завети на култот и да помине низ ригорозен режим на вежбање. Ја испратиле во неколку комуни и два пати била силувана.

- Култот привлече отпадници од општеството, зависници од дрога и ментално растроени луѓе. Луѓето постојано ги менуваа имињата за да останат анонимни - изјави Кристина.

Им беше кажано дека другите живеат погрешно, а тие живеат правилно. На 15-годишна возраст, таа била испратена во камп во Манила, Филипини, каде што јавните егзорцизми и насилство биле вообичаени.

  Само што дојдов таму ме одведоа во самица и ме прашаа дали имам световни мисли. Признав дека слушам музика додека просам и дека имам кожна јакна. Ме прекорија и ми ја запалија јакната.

Нејзиниот брат поминал два месеци во самица бидејќи признал дека пуши и чита книги.

Во средината на 80-тите, култот го промени своето име во „Семејството“ и водачот Дејвид Берг се пензионираше и испраќаше упатства преку писма и фотографии од деца кои комуницираат со возрасни. Тој повегнал во 1993 година и никој не знаел каде се наоѓа. Следната година, тој ненадејно починал на 74-годишна возраст.

- Се обиде да им каже на своите следбеници да престанат да спијат со малолетници поради истрагата, но педофилијата продолжи, бидејќи членовите на култот тоа не го гледаа како грев - открива оваа жена.

Масовно апсење

Имаше масовни апсења во 130 комуни, но многу жртви не можеа да ги именуваат своите насилници. Кристина била ослободена на 20 години, а нејзиниот иден сопруг го запознала во една комуна во Луизијана. Кога останала бремена, таа и нејзиниот сопруг одбиле да го предадат детето на култот, собрале храброст и побегналет. Кристина вели дека не ја обвинува мајка си и дека минатото го оставила зад себе.

- Се што чувствувам кон култот е жалење. Тие мора да живеат со она што го направиле, додека јас можам да си продолжам со мојот живот. Имам четири прекрасни деца и благодарна сум за секој ден што живеам слободно - заклучи Кристина.


Ова е нејзината приказна!



Фото:youtube/sreenshot